Муслиманскиот празник Курбан Бајрам се одбележа во Охрид. Годинава беа донирани над 4 тони месо од страна на фондацијата Шафак, како и бројни граѓани од Охрид.

Голем дел од месото отиде на софрите на социјално загрозените семејства.


На верскиот чин, на колењето на Курбанот присуствуваше и градоначалникот Петрески кој им го честита празникот на граѓаните од муслиманска вероисповед. При тоа Петрески ги поздрави и верниците кои заминаа на аџилак.


Од страна на охридскиот  советник Кујтим Усеини беше потенцирано дека овој празник не ги дели сиромашните по вера и нација, туку им се помага на сите на кои им е потребна помош.

OhridNews