Муслиманските верници денеска го слават Курбан Бајрам. На овој празник се приложува жртва – курбан и се раздава на сиромасите и блиските.
По повод празникот, поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи упати порака и честитка до припадниците ма муслиманската вероисповед.
„Им изразуваме најсрдечни честитки на сите наши верници во земјата, на нашите браќа во регионот и на сите гурбетчии посакувајки им благосостојба, пријатно расположение и задоволство. Честит празникот на Курбан Бајрам. Алах да ве благослови, стои во пораката од поглаварот на ИВЗ по повод Курбан Бајрам.
ohridnews