М.З. Куратица ги договорила деталите за купување на ски-лифт кој од Швајцарија треба да биде донесен во Охрид.

-Преговорите со сопственикот на ски-лифтот завршија успешно и договорена е купопродажбата.-информираат од месната заедница.


Ски-лифтот е во должина од 700м.  Сега следува фаза на негово демонтирање и транспорт за Македонија, а тоа најмногу ќе зависи од временските услови, бидејќи швајцарските алпи се веќе под снег.


Се размислува и за поставување на ски-лифтот, а во опција се три локации во Куратица.

–  Сега останува да се обезбеди машината за тапкање снег (ратрак), а се разгледуваат можности и за набавка на 2 машини за вештачки снег.-велат од М.З. Куратица.


Со договорот за купување на ски-лифт, конечно реално се отвора можност Куратица да прерасне во зимски  центар што ќе придонесе за развој на руралниот туризам во селото, од што корист секако ќе има и Охрид.

OhridNews