„Затекнати и помалку изненадени од потегот во сенка, раководството од Месната заедница Куратица на работната екипа за поставување на таблите не и дозволи да ја завршат работата без работен налог. Тие се сомневаат дека е тоа дело на скриен предизборен маркетинг, иако сметаат дека натписната табла може да биде добродојдена, но со административна позадина: зошто, како и кој ја нарачал“, се вели во соопштението на МЗ Куратица. Оттаму велат дека не се изненадени од ваквиот, според нив, заткулисен потег. Месната заедница смета дека за спроведување на ваква акција Локалната самоуправа најпрвин треба да се консултира со базата, оти така било демократски. „Натписната табла пред Основното училиште Ванчо Николовски во Куратица остана не обележана: Штета или корист некому, но за кого? – прашува МЗ на село Куратица на крајот од соопштението лиферувано од претседателот на месната заедница, Горан Ангелоски.
Курајчани не дозволуваат поставување на информативна табла во месното училиште?!
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com