Пред неколку години неименувана адвокатка наследила стан по смртта на својата мајка. Сега сака да го продаде. И покрај судската одлука, никако не може да го исели очувот кој ужива во трендовската област Соедермалм во Стокхолм. Спрема клаузулата за заедничката сопственост, 52-годишникот живеел во станот. Но сега, судот ја прогласил за неважечка. Како во некои продавници за време на распродажба, и овде важи правилото “плаќаш едно-добиваш три“. Станот ќе биде продаден на купувач кој ќе понуди најдобра цена, заедно со мебелот и очувот. Адвокатот предупредува дека купувачот го чека исклучително комплицирана ситуација.
Станот ќе се најде на аукција на 26 август. Но, потенцијалните купувачи ќе треба да бидат предупредени дека нема да можат лично да видат што купуваат бидејќи станарот никого не пушта ни да се приближи.