Се потешката продажба на недвижности во Чешка поради глобалната економска криза ги натерала тамошните градежници да ги намамуваатпотенцијалните купувачи  со автомобили како подарок.


„Купи нова куќа и добиваш нов Мерцедес“, е новата реклама на ЦПИ Груп, која изградила низа  фамилијарни куќи во Прага. Продажбата, иако класична куќа од 150 квадратни метри чини околу 300.000 евра, колку што во Прага се движат и цените на луксузни станови од 100 квадратни метри, оди слабо.

„Одбравме Мерцедес А класа, кој е многу практичен за градски сообраќај, потврдил директорот на ЦПИ Груп, Милан Трнеи, и ги уверувал купувачите дека со куќата навистина ќе добијат и Мерцедес.