Пензионер од Катамарка, привлечен од ниската цена на две „кучиња со педигре“, во Аргентина, наречени „бразилски глувци“, бил шокиран кога ги одвел на ветеринар на вакцинација и дознал дека за 150 долари всушност купил две ласици, на кои по раѓањето им биле дадени стероиди како би добиле на големина и дебелина на крзното.

Сличен случај бил забележан и во Буенос Аирес, кога една жена сакајќи да купи чивава дома однела ласица. Обично цената на овие кучиња во САД изнесува околу 1000 долари, додека една ласица чини само 75 долари. ЛАсиците обично имаат смеѓо, бело или шаренио крзно и се долги околу 50 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката во должина од 123 сантиметри, а тешки се 1,5 килограми. Животниот век им изнесува помеѓу седум и десет години.