Се чини дека луѓето се спремни да издвојат пари за било што ако е убаво спаковано. Доказ е 22-годишниот француски студент антоан Деблај кој за 5,5 евра продава убаво украсени лименки полни со воздух. Лименките ги полни со воздух од своето родно место Монтчука, а на продажба ги нуди по пат на интернет.
Иако немал големи очекувања кога започнал со необичниот бизнис, во краток рок заработил 1000 долари кои му овозможиле отворање на веб страница. Во работата му помогнале и медиумите кои посветиле внимание на неговиот бизнис, па во три седмици стигнале илјада нарачки. Се верува дека популарноста на производот сепак се должи на добриот маркетниг план, а не на полнењето. На лименката има и шеговите порака за купувачите, во која, помеѓу останатото, пишува дека садот не смее да го оставаат отворен.