Очаен купувач, на кого итно му било потребно ВЦ, добил доживотна забрана за влез во продавницата за санитарија бидејќи извршил голема нужда во изложбена ВЦ школка.
Хеинз Кесел (39) влегол во продавница за санитарија и откако се олеснал сфатил дека школката не била поврзана со канализација. Бесниот персонал му ја дал сметката за чистење, а одредена му е и доживотна забрана за влез.
„Разговарав со еден купувач и почувствував неподнослива смрдеа“ – рекла асистентката за продажба Симона Фидер.
Таа го повикала управникот и тргнале во потрага на смрдеата. На излогот имало неколку школки а на една од нив виделе маж, поцрвенат во лицето, кој се обидувал да пушти вода. Купувачот не можел да сфати зошто не работи. Почнал да се извинува и да објаснува. Но персоналот немал разбирање бидејќи морале да ја затворат продавницата додека не се решат од ужасната смрдеа.