Организираторот на играта на „штрковите“ Никола Оташевиќ во финалниот натпревар од Купот на Македонија сериозно го повреди коленото и ќе паузира најмалку шест месеци.

Тој по еден дуел под својот кош незгодно ја свитка ногата и падна како покосен на паркетот. Со помош на неговите соиграч беше изнесен од теренот и префрлен во соблекувалните.

„Плејот“ ќе ги пропушти понамошните натпревари од Јадранската „АБА“ лига и завршницата од македонскиот кошаркарски шампионат.
 
Слична повреда како Оташевиќ имаше ракометарот Наумче Мојсоски, кој го пропушти настапот на македонската репрезентација на Европското првенство во Данска.

Мх.П.