Натпреварите од кошаркарскиот куп ќе старуватуваат на 9 и 10 јануари наредната година. Десет клуба ќе се натпреваруваат во двете елиминациски фази, кои треба да ги дадат четирите тима што ќе настапат на завршниот турнир. Во ова фаза ќе се играат по два меча (дома-гости), а вториот натпревар ќе се игра на теренот на подобро пласираниот тим. Во следното коло ќе се пласира тимот што ќе биде подобар според вкупниот кош-количник.


За првпат во историјата ова натпреварување ќе почне без актуелниот победник, АМАК-СП, кој пред неполни два месеци беше исклучен од Првата лига и го загуби правото да го брани трофејот

(9-12.јануари-2010)
(1) Ултимејт Б. – Плејмејкер К.
(2) Вардар 2000 – МЗТ Скопје

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(20-23.јануари-2010)
Победник 2 – Вардар Осигурување
Победник 1 – Фени Индустри
Овче Поле – Работнички
Торус – Пелистер

М.П.