Во ракометниот Куп на Македонија кое е второ натпреварување по ранг во земјата, ракометарите на Охрид ќе го поправаат в печатокот кој го оставија во мечевите од Супер лигата.
Во четвртфиналната ждребка учествуваат шеснаесет екипи кои ќе бидат поделени во четири групи, а победниците ќе бидат дел од фајнлфор завршницата.
– Натпреварите од плејаут лигата ќе ги искористиме за одржување на формата за престојните натпревари во Купот. Таму ја гледаме нашата шанса, но ќе ни биде неопходна и среќата. Прво и единствено треба да го избегниме Вардар во ждребката, а другите ривали нека бидат кои сакаат. Подготвени сме и сакаме да се надигруваме, а Купот на Македонија ни е последна шанса сезонава за оставање на добар в печаток. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Ждребката за четвртфиналето во Купот е закажана за вторник во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
Мх.П.