Природните живеалишта на жолтиот ловањ во охридско речиси и целосно се исчезнати поради што се прават напори за повторно заживување на ова водно растение на источното крајбрежје. На западното крајбрежје кај Калишта спротивна слика. На стотина квадратни метри распространети се неколку прекрасни живеалишта на локвањ. Жолтите цветови ја разубавуваат прекрасната слика која за жал се повеќе ја нагрдува човекот. Стотици метри земја и шут се насипуваат во езерските води со што се уништуват природните живеалишта на локвањот, но и на голем број видови растенија и водни организми.


Купишта земја се фрлаат во езерото

Ohridnews