На една распродажба во сојузната американска држава Луизијана, Теса Мекнил купила слика покриена со прашина за само два долари. Подоцна се воспоставило дека во рацете најверојатно и дошло дело на Пабло Пикасо. Иако на платното се наоѓа препознатливиот потпис, ни на крај памет не и паднало дека станува збор за оригинал, а сликата ја купила поради тоа што ја привлекле светлите бои.
Кога ја донела сликата дома, децата и обрнале внимание на авторот и таа започнала да истражува на интернет, за да дознае дали некогаш било украдено такво дело на Пикасо. Така дошла до еден извадок од весник во Швајцарија, во кој пишувало дека на таа слика одамна и се изгубила трагата и повикала полиција. Поранешната сопственичка на сликата не може да поверува што направила, а новата чека ФБИ да и ја врати истата која би можела да достигне повеќемилионска цена.