Британката Едит Еби (90) од Малтон ја заслужила титулата за најдобра бабичка. И покрај поодминатите години, сама избрала божикни подароци за своето семејство, односно за 200 членови од истото. Купила подароци за 14-те деца, 85 внуци, 40 правнуци, 20 праправнуци и сите нивни партнери.


Едит, која е во инвалдска количка, започнала со купување пред два месеци со помош на ќерката Кејти Купер. Иако ниту еден од подароците не е скапоцен потрошила вкупно 800 фунти. Кејти изјавил дака за бабата најголема среќа е кога тие ги отвораат подароците. Родила пет сина и десет ќерки. Најстарата ќерка и починала пред девет години. Децата имаат од 49 до 72 години.