Деб Томпсон отишла во продавницата “Goodwill” како би купила пантолони за 3,99 долари, а кога ги иднела дома во десниот џеб пронашла скапо парче накит. Таа отишла да купи фармерки какви што и препорачала нејзината ќерка, а кога се вратила дома во десниот џеб пронашла дијамантски прстен. Таа за американските медиуми изјавила дека помислила како нечиј вереник и сопруг го загубил прстенот и сигурно помисли дека никогаш нема да набави друг.
Деб и вработените во “Goodwill” сега се обидуваат да го пронајдат сопственикот. Направиле и страница на Фејсбук, на која досега добиле седум меилови од луѓе кои тврдат дека прстенот е нивни. Деб додала дека сака целиот случај да се заврши на таков начин што ќе се појави некој кој со парче хартија ќе потврди дека прстенот е негов. Вредноста на прстенот била проценета на 6500 долари, а неговата моментална сопственичка сака да дознае како тој завршил во пантолоните.