Кети Скрагс од САД освоила 25 милиони долари на лотарија, бидејќи вработената во продавницата и продала погрешно ливче. Скрагс раскажала дека сакала да купи ливче за играта Мега Милионс, а вработената и дала за ливче за играта „Powerball“. За среќа тоа ливче ја содржело добитната комбинација на броеви. Извлекувањето било на 14 септември оваа година.


Наградата официјално ја добила 19 дена по извлекувањето во Атланта. Жената, инаку, била невработена, и рекла дека во последно време работела сезонски и барала постојана работа. Прво нешто што ќе направи е тоа што на својата мајка и баба ќе им изгради куќи. Потоа ќе оди на патување, ќе си купи автомобил и ќе им помогне на пријателите кои имаат финасиски проблеми.