Со понуда од само 1,75 долари на e-bay, една 30 годишна жена од Чикаго успеала да купи напуштена куќа во гратчето Сагинау, 170 километри северозападно од Детроит.
Џоан Смит, неодамна била најдобар понудувач на аукција на e-bay, а нејзината понуда од 1,75 долари била една од вкупно осумте понуди.
„Ќе се обидам да ја продадам. Не планирав да се селам во Сагинау“, изјавила Џоан.
Вели дека не ја има видено куќата ниту го има посетено Сагинау, кој е тешко погоден од економски тешкотии последниве години.
На вратата од куќата виси известување за извршно рочиште, а Џоан Смит ќе мора да плати 850 долари заостанати трошоци и трошоци за чистење на двориштето.