Една германка за само 99 евра освоила куќа од соништата вредна околу 1,5 милиони евра. Вилата австрискиот милионер Карл Рабедер одлучил да ја подари на еден од 21999 заинтересирани кои купиле купони за учество во неговата наградна игра.


Вилата има 321 квадратен метар, сауна, базени, терен за одбојка на песок, две гаражи и градина од 2000 метри квадратни со поглед на тиролските алпи. За жената која ја освоила се знае само дека има продавница за биолошка храна и ништо повеќе.