Пензионерката Валери Хемсли-Флинт (62) од Велика Британија купила 1000 светилки од по сто вати за да може да гледа додека чита до крајот на животот. Бидејќи во Европската Унија наскоро ќе се забрани продажбата на класичните светилки и ќе смеат да се продаваат само штедливите, Валери одлучила да набави залихи на оние светилки на кои навикнала целиот живот.
Тврди дека штедливите се преслаби за читање и дека нивното треперење предизвикува епилепсија. Вели дека и се потребни 20 светилки за да ја осветли својата куќа вредна 300 илјади евра со три спални соби. На светилките потрошила нешто повеќе од 300 евра.