Еден човек од гратчето Флинт во Мичиген купил погрешна среќка и освоил четири милиони долари. Победникот, кој сакал да остане анонимен, на апаратот купил среќка од 20 долари на лотаријата „Cash for Life“, а сакал да купи среќка од 10 долари.
Среќниот добитник рекол дека немал намера да стави банкнота од 20 долари, и му се присторило дека ставил банкнота од 10 долари, како би купил среќка од толкава вредност, каква што секогаш и купувал. Тој рекол дека парите ќе ги потроши за отплата на сметките и хипотеката, а остатокот ќе го подели со семејството.