Американецот Закари Норис не ни помислувал колку ќе му се насмевне среќата откако во една продавница во Фениикс, сосем непланирано, купил еден часовник за 5,99 долари. Тој имено, тргнал во потрага за нешто сосем десетто, количка за голф, а додека ги разгледувал полиците фрлил око на еден стар часовник од марката „LeCoultre“. Иако знаел дека станува збор за примерок кој чини многу повеќе од наведената цена, не знае дека тој часовник е направен во 1959 година, во лимитирано издание од само 1000 примероци за американскиот пазар и дека вреди многу повеќе од цифрата која ја имал на ум.

 

Откако го купил часовникот, го однел на процена каде бу била соопштена одлична вест, дека часовникот вреди 35 илјади долари. Имено, станува збор за престижната линија „Deep Sea Alarm“ на марката „LeCoultre“ која ја потпишува швајцарската компанија „Jaeger-LeCoultre“, а овој часовник е еден од првите часовници со аларм наменет за нуркачите.