Традиционално и оваа година волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.

Започнуваме на 22.12.2018 г. (сабота) на gрадскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ каде од 12:00 ч. волонтерите на Црвен крст Охрид, од клубот на млади и од програмата на грижа за стари лица ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации. – информираат од Црвениот крст.

Средствата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.

Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте.
Купете новогодишен украс, а не петарди! – порачуваат од Црвениот крст.

OhridNews