Купот на Македонија во кајак на мирни води, ќе се одржи утре на Охридското Езеро. Натпреварот е во организација на кајак – кану клубот „Ехо“ од Охрид.

Трките ќе се одвиваат на патека од градското пристаниште до плажата Потпеш во периодот од 9 до 11 часот.

Организаторите апелираат до управувачите на пловни објекти на внимателност при испловувањето од градското пристаниште во периодот на одржување на натпреварот.

OhridNews