Вардар во финалето го совлада Металруг со 26-23 и по осми пат во својата клупска историја стигна до трофејот во националниот Куп.

Металург го испушти трофејот, бидејќи на полувремето имаше предност од четири гола (16-12) и наместо рутински да го сведе мечот до крајот, дозволи “црвено-црните“ да се вратат во мечот и да го освојат трофејот.

За Вардар ова е втор трофеј кој го освојува откако во финалето го совладува Металург. Пред неполн месец во финалето од СЕХА лига, “црвено-црните“ на идентичен начин го совладаа скапиот тим на Металург.

фото “мкд.мк“
Ohridnews