Ренова и Работнички ќе играат во 20 јубилејно финале од националниот фудбалски куп на Македонија.
Работнички до финалето стигна отако славеше убедливо на гостувањето против Турново со 3-1. Велкоски Крсте, Тодороски и Велкоски Дарко беа стрелци на головите за романтичарите, додека почесниот гол беше дело на Георгиев.
Вардар не успеа да го пронајде патот до мрежата,откако мечот заврши без голови 0-0 што значеше елиминиција од Ренова, и тоа благодарение на ремито 1-1 во првиот меч одигран во Скопје. За гипсарите ова е дебитантско финале во националниот куп.
Финалниот натпревар ќе се игра на 2 мај на градскиот стадион во Штип.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com