Најтрофејниот клуб во Купот на Македонија, Вардар е последниот четврти патник во завршницата која ќе се одржи во Охрид.
Во 1/4 финалната рунда Вардар прво го совлада Охрид (36-19), а потоа Металург Јуниор со (36-20) и обезбеди пласман во 1/2 финалето.
Покрај „црвено црните“ пласман на Ф4 во Купот на Македонија обезбедија Зомимак, Тинекс Пролет и бранителот на трофејот Металург.
Натпреварите во 1/2 финалето од Купот на Македонија во Охрид се играат в сабота во 15 односно 17:45 часот додека финалето е закажано за в недела за 17:45 часот.
Мх.П.
Мх.П.