Македонскиот првак Вардар ги комплетираше патниците во полуфиналето во Купот на Македонија. “Црвено црните“ и во реванш натпреварот успеа да го совладаат Пелистер овој пат со 2-0 и со вкупни (3-0) се пласираа во најдобрите четири.


Последнопласираниот во првата македонска фудбалска лига Тетекс го направи најголемото изненадување во четвртфиналните натпревари елиминирајќи го бранителот на трофејот Ренова.

Првиот натпревар заврши без голови и без победник. На реванш мечот “штофарите“ со минимални 1-0 ја совладаа Ренова и се пласираа во 1/2 финалето во Купот на Македонија.

Избраниците на Ѓорги Христов доживеја дебакл на вториот натпреварот од четвртфиналето со Шкендија во купот.  “Црвено црните“ на “Железара“ триумфираа со неверојатни 5-1 и со вкупни (6-1) се пласираа во најдобрите четири.

Херој на тетовчани беше поранешниот фудбалер на Металург, Музафер Ејупи постигнувајќи четири погодоци. 

Силекс рутински ја доврши работата во Кратово, која ја започна уште во Боговиње. “Црвено сините“ славеа со 3-0 и со вкупни (5-1) обезбедија пласман во полуфиналето.

Последниот патник во полуфиналето во Купот на Македонија ќе се дознае по мега дербито помеѓу Вардар и Пелистер. “Црвено црните“ по првите деведесет минути имаат предност од 1-0. Мечот се игра во 18 часот.

Мх.П.