Најтрофејниот клуб со осум титули во Купот на Македонија, Вардар ќе биде домаќин на четвртфиналната група во која се најде охридскиот состав и Металург Јуниор.

Иако охридската екипа сакаше да ја преземе организацијата на четвртфиналната група сепак тоа не се случи и Вардар ќе биде домаќин на мечевите.

Охриѓани ќе се сретнат со Вардар, а победникот од овој дуел за место во завршницата ќе се бори со Металург Јуниор.

Разврската за медали во Купот на Македонија се игра на 17 и 18 мај во Охрид.

Мх.П.