Работнички Кометал е победникот во  националниот фудбалски куп на Македонија, откако во финалето го совлада Кумановски Милано со 2-0.

Творец на “роматичната“ победа беше капитенот Ндерим Неџипи кој на два пати стрелаше прецизно. Прво во 26 минута, а потоа во 42 поставувајќи ги конечните 2-0.

Куп трофејот за прв пат ќе ги краси клупските витрини на Дебармалци.

Работнички Кометал кој е десети освојувач на трофејот, со првата двојна круна ја заокружи одличната сезона.

ohridnews