Натурилизираниот македонец Лестер Бо Мекклејб стигна до првиот трофеј во дресот на Фенербахче откако во финалето од Купот на Турција го совладаа Галатасарај со 63-57.

Плејмејкерот на македонската селекција Мекклејб за 25 минути на паркетот постигна десет поени, додавајќи четири скокови и една асистенција. Најкорисен кошаркар на финалниот турнир беше прогласен Андерсен, кој во финалето имаше брилијантен учинок од 21 поен.

Покрај титулата од Купот, Меккелејб и Фенербахче атакуваат на пехарот од домашниот шампионат.

Мх.П.