Куп трофејот кој неславно заврши за време на доделувањето со нов лик се појави на приемот на кошаркарите и управата на Амак СП кај градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Пехарот кој е преоден лесно можеше да се случи половичен да заврши во витрините на Амак СП. Тогаш “езерџиите“ возбудени од триумофт  го расцветаа па тој мораше да претпри корекции. Скрешениот елемент кој ги поврзуваше горниот и долниот дел од пехарот е поправен, а витражот е заменет со ореово дрво, рачно изработено од охридскиот резбар Блазже Настоски.


Голема беше желбата и нашето име да се најде испишано на преодниот пехар и успеавме да го остраниме дефектот –  велат од компанијата Амак СП

Реставрираниот куп трофеј очекуваат да биде попрактичен и во иднина да не претрпуваа такви скршеници.

М.П.