Градските ривали Тетекс – Шкендија ќе се сретнат во финалето од Купот на Македонија кое ќе се одигра на 22 мај на национална арена “Филип Втори“.


Шкендија пласман во завршницата од купот обезбеди со правилото гол во гости. Првиот натпревар во Тетово заврши без голови и без победник 0-0, а реванш дуелот на националната арена “Филип Втори“ заврши 1-1.

Вториот патник во финалето Тетекс на домашен терен против Силекс со “двојна“ победа го завери билетот за финалето. “Штофарите“ на реванш мечот триумфираа со 2-0, а на првиот во Кратово забележаа минимална победа од 1-0.

За “црвено црните“ втората година по ред неприминлива пречка е полуфиналето. Минатата сезона Ренова беше нерешлива енигма, која подоцна го освои трофејот оваа година избраниците на Артим Шаќири.

Мх.П.