Без голови и без победник заврши дерби пресметката во 1/2 финалето од Купот на Македонија измеѓу Шкендија и Вардар.


Во вториот полуфинален натпревар Тетекс со предност од 1-0 ќе го дочека Силекс во реванш мечот пред своите гледачи откако славеше минимално во Кратово.

На првиот полуфинален натпревар во Тетово меѓу последните два прваци во Македонија, кој го водеше охридскиот судија Марјан Маркоски недостасуваа погодоци. Во неколку наврати се тресеа конструкциите од головите, но не и мрежите.

Тоа што недостасуваше во Тетово, го имаше во Кратово. Во дербито на дното “штофарите“ со погодокот на Иван Настевски во 83-та минута направија голем чекор кон финалето и спасување на крајно разочарувачката сезона за тетовчани во Првата македонска фудбалска лига.

Реванш натпреварите во 1/2 финалето од Купот на Македонија се играат на 2 мај.

Мх.П.