Најдобрите две екипи во македонскиот клупски ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе ги одмерат силите во финалето од 28-то издание на Купот на Македонија.

Скопските „црвено црни“ во полуфиналната фаза го елиминираа Металург, совладувајќи го градскиот ривал со 27-22. Битолчани, пак, во полуфиналето го „преслушаа“ Бутел Скопје, победувајќи го со високи 38-23.

Финалниот натпревар во завршницата од машката конкуренција ќе се одигра в сабота, додека утре (петок) на програмата се полуфиналните мечеви во женска конкуренција.

OhridNews
Фото: Гол.мк