Охридските судии Марјан Маркоски, Жарко Тодоровски и Марјан Ецкоски ќе бидат дел од полуфиналниот меч меѓу Работнички и Брегалница кој ќе се одигра попладневно на Филип Втори.
Маркоски ќе ја има задачата „главен“ судија, Тодоровски е прв помошник додека Ецкоски заедно со Фатон Мустафи ќе бидат дополнителни судии зад головите.
Првиот меч меѓу „романтичарите“ и „сините“ заврши без победник (1-1) што ветува борба до последниот судиски свиреж за пласман во финалето од Купот на Македонија.
Во останатиот полуфинален натпревар ќе се сретнат Шкендија и Хоризон Турново. Тетовски „црвено црните“ пред пласман во финалето откако првиот меч во Турново го добија со 2-0.
OhridNews