Екипата на Струга Трим Лум во полуфиналето од Купот на Македонија силите ќе ги одмерат со тетовска Шкендија. Во втората полуфиналната двојка ќе се сретнат Академија Пандев – Брегалница.
Стружани во 1/4 финалето ја елиминираа Ренова, додека Шкендија беше подобра од Работнички во четвртфиналниот двобој. „Црвено белите“ сезонава еднаш и го зедоа скалпот на Шкендија. Стружани на домашен терен во рамките од Првата лига славеа со 2-1.
Тимот на Брегалница е единствен второлигаш во големата четворка и сигурно ќе има многу императиви во дуелот со бранителот на титулата.
Првите мечеви се играат на 8 април. Реваншите на 6 мај.
Двојки:
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Лум – Шкендија
OhridNews