Ждрепката во просториите во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди двојките за 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Екипата на Струга Трим Лум силите ќе ги одмери со Ренова на домашен терен, додека Шкендија ќе гостува во Кратово кај Силекс. Академија Пандев ќе го пречека Шкупи, а Беласица ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров.

Во 1/4 финалето како и претходно ќе се игра само еден натпревар. Ако во текот на 90-те минути биде нерешено веднаш се изведуваат пенали. Мечевите се играат на 25 ноември.

  • Двојки 1/4 финале:

Силекс – Шкендија

Струга Трим Лум – Ренова

Академија Пандев – Шкупи

Беласица – Македонија ЃП

OhridNews