Фудбалерите на Струга Трим Лум обезбедија пласман во топ 8 во Купот на Македонија, откако во осминафиналната пресметка го елиминираа Работнички. „Црвено белите“ триумф славеа после изведување на пеналите со 4-3. Регуларниот дел заврши 0-0.
Натпреварот не изобилуваше со премногу прилики. Двете екипи повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол. Струга Трим Лум ја имаше иницијативата, но не успеа да постигне погодок, додека Работнички имаше две-три ветувачки акции, кои не завршија во мрежата.
Во пенал рулетот се одвиваше вистинска драма. Работнички се стекна со предност од 2-0 после првите две серии. Струга Трим Лум не се предаде. Со два последователни голови и одбрани на Урош Ѓуриќ остана во игра. Во петтата серија двете екипи погодија. Конечната одлука падна во шестата серија. Струга Трим Лум реализираше, а Работнички не успеа.
Резултати:
А. Пандев – Вардар 1-0
Брегалница – Беласица 0-1
Кожув – Силекс 1-3
Македонија ЃП – Саса Каменица 6-0
Ренова – Пелистер 2-2 (6-5 пенали)
Шкендија – Гостивар 1-0
Шкупи – Кит Го 5-0
Струга ТЛ – Работнички 0-0 (4-3 пенали)
OhridNews