Фудбалерите на Струга Трим Лум ќе ги продолжат мечевите во Купот на Македонија откако во осминафиналето го елиминираа Борец со вкупен резултат (1-0). „Црвено белите“, на домашен терен славеа со 1-0 и ја искористија меч топката после ремито 0-0 во Велес.

Одлуката за победникот и патникот во четвртфиналето падна на стартот од второто полувреме. Еден најискусните фудбалери Нијас Лена одлично ја смести топката во мрежата после асистенцијата од Дејан Цветаноски.

Четвртфиналистите во Купот на Македонија ќе се комплетираат утре со мечевите помеѓу Ренова и Тиквеш.

Резултати:

Охрид – Лабуништа 2-3 (0-2)

Шкендија – Вардар 1-0 (2-2)

Силекс – Шкупи 1-1 (0-0)

Струга Трим Лум – Борец 1-0 (0-0)

Осогово – Академија Пандев 1-4 (0-3)

Работнички – Пелистер 4-0 (1-1)

Македонија ЃП – Брегалница 0-0 (0-1)

Ренова – Тиквеш (2-0)

OhridNews