Ракометарите на Струга обезбедија пласман во финалето од четвртфиналната група која се одржува во Охрид совладувајќи го Работнички во 1/2 финалето со 27-18 (18-9).
Младите ракометари на Струга покажаа повеќе желба и квалитет од скопските ракометари кои не беа многу заинтересирани за пласман во финалето кое ќе се одигра во 18 часот.
Добриот почеток на стружани им донесе предност од 4-2 и 5-3, а позитивата на семафорот растеше од минута во минута за на крајот од првиот дел да изнесува девет голови (18-9).
Во вториот дел избраниците на Наум Танески и Жарко Ферукоски ја задржаа предноста и закажаа најверојатно меч со Охрид во финалето кој пак ќе треба да го мине Металург 2 во вториот полуфинален натпревар кој се игра со почеток во 20 часот.
Во составот на Струга со голови се истакнааа Петар Попоски со седум и Цветан Кузманоски со шест и Мартин Димоски со пет голови, додека во тимот на Работнички најмногу голови реализираше Александар Тасов вкупно седум.
Фото галерија:
OhridNews