Тетекс го освои трофејот во Купот на Македонија. Во финалето кое се одигра пред празни трибини на “Филип Втори“, “штофарите“ по пеналите го совлада градскиот ривал Шкендија со 7-6.


Регуларниот дел од финалето заврши 1-1, а први до водство стигнаа “црвено црните“. Тетекс со голот на Мицевски во 68-та минута израмни на 1-1 и мечот, по што отиде во продолженија.

Таму не се промени ништо и новиот победник во Купот на Македонија се одлучуваше по пеналите.

За Тететс во пенал серијата погодија Исени, Кралевски, Мицевски, Манчевски, Настевски и Дробаров додека единствено промаши Деспотовски. Во таборот на Шкендија не реализираа Ејупи и Бериша, а целта ја пронајдоа Усеини, Таипи, Цуцили, Селмани и Алии.

“Штофарите“ стигнаа до вториот трофеј и иако испаднаа од елитата обезбедија пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

Мх.П.