Покрај дуелот во Охрид меѓу Вардар и Металург низ терените ширум Македонија се одиграа останатите мечеви од 1/8 финалето. На четири од тие натпревари се изведуваа пенали, понатаму пласман обезбедија Пелистер, Дрита, Брегалница и Тетекс.

Резултати : Вардар – Металург 2-1 (2-2), Брегалница – Хоризонт Турново 1-0 (1-1) 3-0 на пенали, Новаци – Работнички 1-2 (1-6), Македонија ЃП – Шкендија 0-2 (0-4), Напредок – Гостивар 1-2 (4-2), Дрита – Силекс 1-0 (1-1) на пенали 8-7, Миравци – Пелистер 2-0 (2-2) на пенали 2-3, Ренова – Тетекс 2-2 (4-4) на пенали 4-5.

Мх.П.