Среќата ги посака екипите на Струга Трим Лум и Лабуништа во ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Струга Трим Лум силите ќе ги одмери со Ренова, додека Лабуништа ќе се сретне со Брегалница.
Струга ТЛ која се натпреварува во Првата лига доби познат ривал, додека тимот на Лабуништа кој е дел од Втората лига-запад силите ќе ги одмери со Брегалница која е дел од Втората лига на истокот.
Во останатите четвртфиналните двојки ќе се сретнат Шкендија – Работнички односно Шкупи – Академија Пандев.
Првите мечеви од ТОП 8 фазата се играат на 4 декември, а реваншите на 4 март следната година.
OhridNews