Екипата на Брегалница во Охрид со минилани 1-0 го совлада второлигашот Младост од Царев Двор и обезбеди пласман во 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Човек на одлуката беше капитенот на „сините“ Горан Здравков кој на средина од вториот дел со перфектен удар од шеснаесет метри ја погоди мрежата на „црвено белите“.
Гостите со организирана игра го зачуваа минималното водство и го визираа пласманот во следната фаза од Купот.
Мх.П.