Двократниот освојувач на титулата во Купот на Македонија, Силекс е ривалот на Струга Трим Лум во 1/2 финалето од најмасовното клупско натпреварување. Во преостанатата двојка силите ќе ги одмерат Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев.

Во полуфиналните пресметки ќе се одигра еден натпревар. „Лавовите“ и струшките „црвено бели“ ќе имаат мала предност, бидејќи мечевите ќе ги играат на домашен терен.

Полуфиналните дуели на програмата се на 7 април, со почеток во 15 часот.

OhridNews