Екипата на Силекс го зграпчи вториот билет за пласман во финалето во Купот на Македонија, победувајќи ја Струга Трим Лум со 1-0 (0-0), во полуфиналната пресметка, која се одигра на Градскиот стадион „ФК Кароарман“.

„Црвено белите“ тешко се носеа со фаворитската улога и на почетокот од мечот не успеаја да го наметнат посакуваниот ритам. Гостите од Кратово не само што беа подобар противник, туку и констатно се закануваа кон голот на Раиф Мирселоски. Силекс и покрај иницијативата не успеа да постигне водечки погодок, а домаќините во финишот од првиот дел имаа неколку добри прилики.

Избраниците на Срѓан Захариевски правото лице го покажаа на стартото од второт полувреме кога го потиснаа противникот на сопствената половина. Силекс благодарание на добрата одбрана и голманот Божиновски оддолеаја на нападите и ја зачуваа мрежата. Наградата за храбрата и безпоштедна за кратовчани стигна во 81-та минута. Каракамишев со глава после нафрлувањето од слободен удар ја смести топката во мрежата на домаќините и го отвори резултатот. „Црвено белите“ фрлија се на нападот, но не најдоа начин да го совладаат Божиновски и да избегнат пораз.

Силекс во финалето силите ќе ги одмери со Академија Пандев, која во втората полуфинална пресметка го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров.

OhridNews