Актуелниот првак во Купот на Македонија, МЗТ Скопје со победа над Струмица 100-75 (24-17, 32-17, 25-17, 19-24)во ¼ финалето ја започна одбраната на трофејот освоен минатата година.
Изненадувачки почетокот на мечот им припадна на кошаркарите на Струмица кои со серија 10-0 го отвори првиот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија.
По минутата одмор момците во „бели“ дресови се консолидираа и возвратија со серија 16-0, а на истекот од првиот квартал на семафорот стоеше 24-17.
Во вториот период со серија измени тренерот на „металците“ Зоран Мартич ја освежи екипата по што следуваше нова поентерска серија за плус 22 (56-34) на полувремето.
Големото водство и сигурна победа на „штрковите“ во премиерата од Купот му овозможи на Мартиќ, ротација на сите кошаркари кои беа во играчкиот ростер.
Најпрецизен во тимот на МЗТ Скопје беа Ѓорги Чековски и Александар Цветковиќ со по 15 постигнати поени, Дамјан Стојаноски уфрли 14 додека во поразениот состав најефикасен беше Бранислав Џекиќ со 19 кошеви.
Во полуфиналето бранителот на трофејот ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Кожув – Фени Индустри.
Мх.П.