Фудбалерите на Шкендија со 3-0 ја добија првата од двете четвртифинални пресметки со Вардар во Купот на Македонија.
Тетовчани го отворија резултатот во 22-та минута преку Бразилецот, Стенио Жуниор. Во 26-та минута Хамбарџумјан заработи втор жолт автоматски црвен картон
Но, тука не застанаа проблемите за лидерот во Првата лига откако Попов во 40-та минута неспортски со лакот удри противнички играч и судијата Ставрев го испрати во соблекувалните.
Пред крајот на првиот дел одбранбениот фудбалери Цуцили го дуплираше водството за домаќините.
Погодокот за убедлива предност пред ревашн натпреварот на „Филип Втори“ го постигна Радески во 90-та минута од мечот.
Претходно во Купот на Македонија се одиграа мечевите меѓу Работнички – Силекс (3-0), Македонија ЃП – Х. Турново (2-4) и Младост ЦД – Брегалница (1-1).
Фото : Спортмедиа.мк
Мх.П.