Екипата на Шкендија обезбеди капитална предност (2-0) по првиот меч со Работнички во 1/8 финалето од Купот на Македонија.


Тетовските „црвено црни“ во реваншот пред своите гледачи ќе имаат задача да ја одбранат стекната предност од осминафинален натпревар.

Шкендија до триумфот стигна со головите на Алими во 74-та и на македонскиот репрезентативец Марјан Радески пет минути подоцна.

Резултати: Академија Пандев – Шкупи 0-1, Брегалница – Тетекс 4-0, Новаци – Победа 1-2, Пелистер – Ренова, Работнички – Шкендија 0-2, Силекс – Турново 2-1, Влазрими – Вардар 1-3.

Фото: Екипа.мк
OhridNews